Оваа недела во Грац, Австрија, официјално го стартувавме проектот Virtual Academy for Performing Artists (VAPA) со дводневен kick-off состанок, исполнет со креативна енергија, детални дискусии и многу нови идеи.
За време на состанокот заедно со партнерите ја разгледавме целата проектна структура – од обуките и работилниците, до продукцијата на театарски и куклени претстави, како и пристапот кон менторирање и развој на претприемничките вештини кај младите уметници. Детално ги дефиниравме следните чекори, временската рамка и распределбата на одговорности со цел секој од резултатите да биде реализиран со висок квалитет.
Проектот VAPA има за цел да им понуди на младите театарски практичари структурирана обука, практично искуство и можност за професионален раст во областа на социјалниот театар, кукларството и креативното претприемништво.
Партнерите кои стојат зад проектот:
- Theater am Lend – Австрија
- Creative House / Креативна Куќа – Македонија
- MTÜ Cirsium – Естонија
- Instituto Ikigai – Шпанија
- Teatro Due Mondi Associazione Culturale – Италија
Секој партнер носи богато искуство од театарската, културната и образовната сцена – токму затоа VAPA ќе може да понуди иновативни програми, нови пристапи и силна поддршка за младите уметници ширум Европа.
Со овој kick-off состанок ја поставивме основата за креативна, продуктивна и инспиративна двегодишна соработка. Се радуваме на претстојните активности, настани и претстави што ќе произлезат од овој проект и кои, веруваме, ќе ја збогатат културната сцена и ќе создадат нови можности за младите таленти.
Повеќе за проектот и партнерите
Проектот е поддржан од Програмата Еразмус+ на Европската унија (Erasmus+ Programme of the European Union).
