Едукативен центар жабец
Посветено го развиваме едукативниот центар „Жабец“, кој нуди искуствено учење насочено кон:
- Заштита на животната средина
- Одржлив развој
- Природни науки и иновации
Преку LEGO, практични експерименти и креативни едукативни алатки, децата истражуваат физички и хемиски промени, природни појави и екологија на забавен и привлечен начин. Во Жабец работиме по програма креирана од Еко Логик и Бирото за развој на образование – Прирачници за искуствено учење во областа на животната средина и климатските промени, која преку практични активности, експерименти и игри, им овозможува на децата да учат со сите сетила – и при тоа да се забавуваат!
„Дознајте повеќе за Едукативниот центар Жабец!
Следете нè на Facebook и Instagram за новости, настани и сè што се случува во нашиот центар. Останете поврзани и бидете дел од нашата заедница за учење!“
-
Креативна и едукативна авантура со Жабец на Интерфест Фуд

Детскиот едукативен центар Жабец редовно е дел од најразлични настани каде што најмладите имаат можност да учат, да се забавуваат и да откриваат нови светови преку игра. Овој пат, уживавме заедно со децата на Интерфест Фуд, организиран од Веро Маркети во Веро Џамбо. Нашата „Креативна и едукативна авантура со Жабец“ им овозможи на најмладите да…
-
Едукативен центар „Жабец“ – Упис за новата учебна година

Пријавете го вашето дете во Едукативен центар „Жабец“ и дозволете му да учи преку игра, експерименти и забавни активности. Во Жабец работиме според специјално осмислена програма, креирана од Еко Логик и Бирото за развој на образование, која преку практични активности, експерименти и игри им овозможува на децата да учат со сите сетила – и при тоа да се…
-
Запознајте ги посветените едукатори што ги водат вашите деца

Едукатор: Билјана Арсовска Билјана Арсовска е редовен одделенски наставник во ООУ „Вера Јоциќ“, Скопје, со богато искуство во формално и неформално образование. Преку својата љубов кон природата и животната средина, како и пасијата за развој на детската креативност преку едукативни методи, активно учествува во различни едукативни настани со деца од предучилишна и училишна возраст. За…
