Програма
Во свет каде што климатските промени и заштитата на животната средина се сè поважни, потребно е децата уште од најрана возраст да ја развиваат својата еколошка свест и љубопитност за природата. Запознај се со нашата програма која преку игра, истражување и практични активности ги учи најмалите како да ја разберат и зачуваат планетата:
Модул 1: Градење со ЛЕГО коцки: Еко градови на иднината 🌲
- Теоријата на Ијан Мекхарг за еколошко планирање
- Дрвја и шуми
- Урбана мобилност, здравствени придобивки од урбана екологија и врската човек-природа
- Грижа за водите
- Поврзаност и животински миграции
- Урбана агрикултура
Модул 2: Експериментални активности 🧪🔬
- Природни појави на планетата Земја, нивно мерење и заштита
- Заштита на животната средина
- Физички и хемиски промени на материјата
Придобивки
Учесниците во Едукативниот центар „Жабец“ ќе развијат креативно размислување, критичко и логичко расудување, еколошка свест и практични вештини преку забавно и интерактивно учење.” Главните придобивки и вредности на програмата се:
- Развивање на еколошката свест кај децата
- Развивање на моториката кај децата
- Развивање на социјални вештини за комуникација и интеракција во групи
- Развивање на емпатија, препознавање на емоциите
- Јакнење на способностите за решавање на проблеми
- Поттикнување на креативното размислување на ниво на подобрување на функционирањето на моделот како и смислување на нови начини на користење на моделите
- Развивање на можноста за сомоизразување
- Проширување на видиците и стекнување на генерални знаења за основните природни закони и природните феномени
- Јакнење на вештините и способностите за соработка и работа во тимови
- Јакнење на самодоверба, оптимизам, позитивен став кон работите и чувство на одговорност, истрајност, љубопитност, мотивираност, самостојно поставување на цели
Локација и времетраење на програма📍
Програмата на Едукативниот центар Жабец ќе се одвива на две локации во Скопје, покривајќи две Скопски општини: Карпош и Гази Баба. Локациите се соодветно одбрани и наставата ќе се одвива во на следниве адреси:
- ООУ Вера Јоциќ, општина Гази Баба, Скопје
- Едукативен центар Жабец, Карпош – Теодосиј Гологанов 98, Скопје
⏰ Наставата ќе се одвива еднаш неделно, во времетраење од еден час (60 минути) во текот на школската година 2025/26.
Покрај едукативна програма во затворен простор, Едукативниот центар Жабец, ќе овозможи едукативна програма и забава за децата, преку еднодневни екскурзии во природа, како и Зимски и Летни кампови. Термините и локациите, ќе бидат навремено утврдени и сите заинтересирани учесници ќе бидат соодветно информирани. 🏕
