Пријавете го вашето дете во Едукативен центар „Жабец“ и дозволете му да учи преку игра, експерименти и забавни активности.
Во Жабец работиме според специјално осмислена програма, креирана од Еко Логик и Бирото за развој на образование, која преку практични активности, експерименти и игри им овозможува на децата да учат со сите сетила – и при тоа да се забавуваат!

Возраст: 6–11 години
Програмата комбинира:
- Учење преку игра – за развивање креативност, логика и тимска работа
- Експериментално и искуствено учење – за разбирање на природните науки и екологија
- LEGO и еко активности – за практична примена на наученото
Програмата вклучува два основни модула:
Модул 1: Основни принципи на СТЕМ едукација – LEGO – Еко едукација
- Децата се воведуваат во основите на СТЕМ преку LEGO и други едукативни алатки.
- Играта и практичната примена ги поттикнуваат креативното размислување и решавањето проблеми.
Модул 2: Експериментални активности
- Практични експерименти поврзани со природни науки и екологија.
- Развивање љубопитност, разбирање на научни појави и важноста на заштита на животната средина.
Придобивки за децата:
- Зајакнување на когнитивни и моторни способности
- Развивање еколошка свест и љубов кон природата
- Учество во логика, критичко размислување и тимска работа преку LEGO градови и еко-експерименти
- Проширување на знаењето од областа на природни науки
Локации и термини:
- ООУ „Вера Јоциќ“, Општина Гази Баба – секој вторник, 13:00 – 14:00 часот
- Гранд Престиж, Мит. Теодосиј Гологанов 98 – секој вторник, 18:00 – 19:00 часот
Пријави се овде: линк
💡 Цена: 1500 денари месечно (1 термин неделно × 4 термини месечно)
📞 Телефон: +389 78 287 831
✉️ Е-маил: jas.ecologic@gmail.com
Пополнете ги вашите информации, а нашот тим ќе ве контактира за потврда и дополнителни детали.
