|

10 интерактивни алатки за поддршка на младите со специфични образовни потреби

По серија продуктивни онлајн состаноци со дел од партнерите на Еразмус+ проектот „C-Skills“ (#SkillsCompass), ја подготвивме листата на 10 интерактивни алатки кои ќе ви помогнат:

✅ Подобро да ги разберете различните состојби кај младите што учат на поинаков, понестандарден начин од традиционалната училница;
✅ Да се запознаете со практични методи и алатки за нивно кариерно насочување и развој.

Овие алатки претставуваат одлична можност за наставници, ментори, кариерни советници, но и родители кои сакаат активно да придонесат во:

  • создавање поддржувачка средина,
  • поттикнување на самодовербата кај младите,
  • отворање нови перспективи за нивниот професионален раст и интеграција во општеството.

Проектот е ко-финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и се реализира во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“.

Веруваме дека преку овие практични алатки ќе изградиме поинклузивен и фер систем на образование, каде секој млад човек ќе ја има поддршката што ја заслужува.

Similar Posts