По серија продуктивни онлајн состаноци со дел од партнерите на Еразмус+ проектот „C-Skills“ (#SkillsCompass), ја подготвивме листата на 10 интерактивни алатки кои ќе ви помогнат:
✅ Подобро да ги разберете различните состојби кај младите што учат на поинаков, понестандарден начин од традиционалната училница;
✅ Да се запознаете со практични методи и алатки за нивно кариерно насочување и развој.
Овие алатки претставуваат одлична можност за наставници, ментори, кариерни советници, но и родители кои сакаат активно да придонесат во:
- создавање поддржувачка средина,
- поттикнување на самодовербата кај младите,
- отворање нови перспективи за нивниот професионален раст и интеграција во општеството.
Проектот е ко-финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и се реализира во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“.
Веруваме дека преку овие практични алатки ќе изградиме поинклузивен и фер систем на образование, каде секој млад човек ќе ја има поддршката што ја заслужува.
