Едукативен центар „Жабец“ – Упис за новата учебна година

Пријавете го вашето дете во Едукативен центар „Жабец“ и дозволете му да учи преку игра, експерименти и забавни активности. 

Во Жабец работиме според специјално осмислена програма, креирана од Еко Логик и Бирото за развој на образование, која преку практични активности, експерименти и игри им овозможува на децата да учат со сите сетила – и при тоа да се забавуваат!

Возраст: 6–11 години

Програмата комбинира:

  • Учење преку игра – за развивање креативност, логика и тимска работа
  • Експериментално и искуствено учење – за разбирање на природните науки и екологија
  • LEGO и еко активности – за практична примена на наученото

Програмата вклучува два основни модула:

Модул 1: Основни принципи на СТЕМ едукација – LEGO – Еко едукација

  • Децата се воведуваат во основите на СТЕМ преку LEGO и други едукативни алатки.
  • Играта и практичната примена ги поттикнуваат креативното размислување и решавањето проблеми.

Модул 2: Експериментални активности

  • Практични експерименти поврзани со природни науки и екологија.
  • Развивање љубопитност, разбирање на научни појави и важноста на заштита на животната средина.

Придобивки за децата:

  • Зајакнување на когнитивни и моторни способности
  • Развивање еколошка свест и љубов кон природата
  • Учество во логика, критичко размислување и тимска работа преку LEGO градови и еко-експерименти
  • Проширување на знаењето од областа на природни науки

Локации и термини:

  1. ООУ „Вера Јоциќ“, Општина Гази Баба – секој вторник, 13:00 – 14:00 часот
  2. Гранд Престиж, Мит. Теодосиј Гологанов 98 – секој вторник, 18:00 – 19:00 часот

 Пријави се овде: линк

💡 Цена: 1500 денари месечно (1 термин неделно × 4 термини месечно)

📞 Телефон: +389 78 287 831 

✉️ Е-маил: jas.ecologic@gmail.com

Пополнете ги вашите информации, а нашот тим ќе ве контактира за потврда и дополнителни детали.

Similar Posts