Видео библиотека на Innokids: Ново онлајн место за учење преку искуство

Во Едукативен центар „Жабец“ веруваме дека учењето преку игра и креативни методи е најдобриот начин да се поттикне љубопитноста кај децата. Затоа оваа видео библиотека развиена во рамки на Innokids – Innovative Approaches for Development of Sustainable Communities by Kids, претставува одлична алатка која ги надополнува нашите LEGO активности и еко-работилници – нудејќи нови ресурси за наставници, родители и деца што сакаат да градат позелена иднина.

Што нуди видео библиотеката?

🎥 Повеќе од 100 видеа поделени во пет тематски области:

  • Живеалишта и заедници
  • Инфраструктура и транспорт
  • Рекреативни и слободни површини
  • Природни подрачја
  • Мерки за ублажување и адаптација

Секој модул обработува теми преку реални примери и активности погодни за ученици од различни возрасни групи.

👉 Видеата се особено корисни за наставници по природни и општествени науки, уметност, јазици, математика, СТЕМ и граѓанско образование. Во Едукативниот центар „Жабец“, овие материјали веќе се користат како дел од нашата програма – заедно со LEGO активности и еко-работилници – за да им овозможиме на децата учење преку игра и искуство.

📌 Види ја платформата овде: YouTube Playlist


Кој може да ја користи?

  • Наставници во основно и средно образование
  • Родители кои сакаат да поттикнат одржливи навики кај своите деца
  • Едукатори во формално и неформално образование

Овој проект е кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија (Project N. KA220-SCH-2B800C18).

Similar Posts