Едукатор: Билјана Арсовска
Билјана Арсовска е редовен одделенски наставник во ООУ „Вера Јоциќ“, Скопје, со богато искуство во формално и неформално образование. Преку својата љубов кон природата и животната средина, како и пасијата за развој на детската креативност преку едукативни методи, активно учествува во различни едукативни настани со деца од предучилишна и училишна возраст. За нејзината посветеност и професионализам, е избрана за Просветен работник на годината на Град Скопје – 2024.
Истакнати достигнувања:
- Признание од Град Скопје за просветен работник на годината за 2023-2024 година.
- Обучувач и едукатор во областа на Искуствено учење и климатски промени – Еко Логик
- Едукатор за експериментални активности и лего активности – Детски Едукативен Центар Жабец
- Едуино амбасадор – Едуино – колективен портал за дигитални содржини
- Наставник на ТВ училница – Министерство за образование и наука | Биро за развој на образованието
- Автор на „Прирачник за еколошко образование и климатска писменост“ во соработка со Еко Логик
- Автор на “Прирачник за наставници за интегрирање на искуствено учење за животна средина и климатски промени во наставата по природни науки” во соработка со Еко Логик и Бирото за развој на образованието (БРО)
- Автор на прирачник „Планинарење за разбирање“ (Hiking 4 Understanding)
- Автор на изборна наставна програма „Еколошко Образование„ во соработка со Еко Логик, одобрено и признаено од Биро за Развој на Образование (БРО)
Едукатор: Славица Несторовска Дамјанска
Славица Несторовска Дамјанска е редовен одделенски наставник во ООУ „Петар Поп Арсов“, Скопје. Со своите силни организациски и комуникациски вештини, креативност и способност да работи како тимски играч, таа е посветена на постигнување високите стандарди во формалното и неформалното образование. Преку својата работа, Славица постојано придонесува за целосниот развој на децата и промовира иновативни пристапи кон учењето
Истакнати достигнувања:
- Обучувач и едукатор во областа на Искуствено учење и климатски промени – Еко Логик
- Едукатор за експериментални активности и лего активности – Детски Едукативен Центар Жабец
- Автор на “Прирачник за наставници за интегрирање на искуствено учење за животна средина и климатски промени во наставата по природни науки” во соработка со Еко Логик и Бирото за развој на образованието (БРО)
- Автор на Наставна програма – „Креирање на Еко градови преку Апсајклинг“
- Автор на Прирачник за поттикнување на децата и младите во Република Македонија да станат двигатели на промена за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведена од УНИЦЕФ, со финансиска поддршка од Шведска
- Организатор на детски филмски работилници и други работилници за едукација на деца


