Место каде што децата учат преку игра и истражување

Eдукативен центар „Жабец” се залага за искуствено учење од областа на животна средина, одржлив развој и учење во природа преку ЛЕГО и експериментални активности кои им овозможуваат на децата да се запознаат со различни видови на физички и хемиски промени, како што се промените на природните појави, на агрегатните состојби на супстанците и
изведувањето едноставни експерименти.

Истовремено, преку оваа програма децата стекнуваат знаења за значењето на заштита на животната средина, екологија и одржливиот
развој со примена на знаењата и вештините од природните науки, препознавајќи ги причинителите за загадување и учејќи како да го
зачуваат биодиверзитетот. Активности што вклучуваат лего коцки, експерименти и истражувања можат да ја засилат врската помеѓу
учењето и креативноста. Преку овие активности младите учесници ќе развијат креативно размислување и еколошка свест, што е клучно за иднината на нашата планета.

Програмата на „Жабец” е изработена сoгласно националните стандарди за основно и предучилишно образование, а нејзините активности се дел од неколку прирачници за искуствено учење:

Similar Posts