Вело Маало
Првата образовна друштвена игра во Македонија посветена на велосипедизмот!
Играта е наменета за деца од основното образование (од 8 години нагоре) и претставува уникатна комбинација на забава и едукација.
Главните карактеристики на играта се:
- Играчите треба да креираат патеки и да ги соберат сите недостасувачки делови од велосипедот.
- Делoвите и местата кои треба да се посетат се добиваат преку картички кои случајно се влечат на почетокот на играта.
- Со секој собран велосипедски дел или посетено место, играчите добиваат картичка со интересна информација или факт поврзан со полињата на платформата.
- Платформата постојано се менува, што ја прави играта динамична и предизвикувачка.
Оваа игра не е само забава – таа е алатка за учење која на децата им овозможува да стекнат знаења за велосипедите, сообраќајот и здравите навики преку игра и интерактивни активности.
Вело Маало играта постои во печатена и дигитална верзија.
За повеќе информации за печатената верзија на играта, на следниот:
Играта е развиена во соработка со Еко Логик, каде што Креатив Хаус учествуваше како подизведувач.


