Запознајте ги посветените едукатори што ги водат вашите деца


Едукатор: Билјана Арсовска


Билјана Арсовска е редовен одделенски наставник во ООУ „Вера Јоциќ“, Скопје, со богато искуство во формално и неформално образование. Преку својата љубов кон природата и животната средина, како и пасијата за развој на детската креативност преку едукативни методи, активно учествува во различни едукативни настани со деца од предучилишна и училишна возраст. За нејзината посветеност и професионализам, е избрана за Просветен работник на годината на Град Скопје – 2024.

Истакнати достигнувања:


Едукатор: Славица Несторовска Дамјанска

Славица Несторовска Дамјанска е редовен одделенски наставник во ООУ „Петар Поп Арсов“, Скопје. Со своите силни организациски и комуникациски вештини, креативност и способност да работи како тимски играч, таа е посветена на постигнување високите стандарди во формалното и неформалното образование. Преку својата работа, Славица постојано придонесува за целосниот развој на децата и промовира иновативни пристапи кон учењето


Истакнати достигнувања:

Similar Posts