Жабец – Програма и Главни придобивки и вредности

Програма

Во свет каде што климатските промени и заштитата на животната средина се сè поважни, потребно е децата уште од најрана возраст да ја развиваат својата еколошка свест и љубопитност за природата. Запознај се со нашата програма која преку игра, истражување и практични активности ги учи најмалите како да ја разберат и зачуваат планетата:

Модул 1: Градење со ЛЕГО коцки: Еко градови на иднината 🌲

  • Теоријата на Ијан Мекхарг за еколошко планирање
  • Дрвја и шуми
  • Урбана мобилност, здравствени придобивки од урбана екологија и врската човек-природа
  • Грижа за водите
  • Поврзаност и животински миграции
  • Урбана агрикултура

Модул 2: Експериментални активности 🧪🔬

  • Природни појави на планетата Земја, нивно мерење и заштита
  • Заштита на животната средина
  • Физички и хемиски промени на материјата

Придобивки

Учесниците во Едукативниот центар „Жабец“ ќе развијат креативно размислување, критичко и логичко расудување, еколошка свест и практични вештини преку забавно и интерактивно учење.” Главните придобивки и вредности на програмата се:

  1. Развивање на еколошката свест кај децата
  2. Развивање на моториката кај децата
  3. Развивање на социјални вештини за комуникација и интеракција во групи
  4. Развивање на емпатија, препознавање на емоциите
  5. Јакнење на способностите за решавање на проблеми
  6. Поттикнување на креативното размислување на ниво на подобрување на функционирањето на моделот како и смислување на нови начини на користење на моделите
  7. Развивање на можноста за сомоизразување
  8. Проширување на видиците и стекнување на генерални знаења за основните природни закони и природните феномени
  9. Јакнење на вештините и способностите за соработка и работа во тимови
  10. Јакнење на самодоверба, оптимизам, позитивен став кон работите и чувство на одговорност, истрајност, љубопитност, мотивираност, самостојно поставување на цели

Локација и времетраење на програма📍

Програмата на Едукативниот центар Жабец ќе се одвива на две локации во Скопје, покривајќи две Скопски општини: Карпош и Гази Баба. Локациите се соодветно одбрани и наставата ќе се одвива во на следниве адреси:

  • ООУ Вера Јоциќ, општина Гази Баба, Скопје
  • Едукативен центар Жабец, Карпош – Теодосиј Гологанов 98, Скопје

⏰ Наставата ќе се одвива еднаш неделно, во времетраење од еден час (60 минути) во текот на школската година 2025/26.

Покрај едукативна програма во затворен простор, Едукативниот центар Жабец, ќе овозможи едукативна програма и забава за децата, преку еднодневни екскурзии во природа, како и Зимски и Летни кампови. Термините и локациите, ќе бидат навремено утврдени и сите заинтересирани учесници ќе бидат соодветно информирани. 🏕

Similar Posts