|

Вело Маало

Вело Маало
Првата образовна друштвена игра во Македонија посветена на велосипедизмот!

Играта е наменета за деца од основното образование (од 8 години нагоре) и претставува уникатна комбинација на забава и едукација.

Главните карактеристики на играта се:

  • Играчите треба да креираат патеки и да ги соберат сите недостасувачки делови од велосипедот.
  • Делoвите и местата кои треба да се посетат се добиваат преку картички кои случајно се влечат на почетокот на играта.
  • Со секој собран велосипедски дел или посетено место, играчите добиваат картичка со интересна информација или факт поврзан со полињата на платформата.
  • Платформата постојано се менува, што ја прави играта динамична и предизвикувачка.

Оваа игра не е само забава – таа е алатка за учење која на децата им овозможува да стекнат знаења за велосипедите, сообраќајот и здравите навики преку игра и интерактивни активности.

Вело Маало играта постои во печатена и дигитална верзија.

За повеќе информации за печатената верзија на играта, на следниот:

Играта е развиена во соработка со Еко Логик, каде што Креатив Хаус учествуваше како подизведувач.

Similar Posts