|

Вело Твистер

Вело Твистер

Твистер како друштвена игра е добро позната на сите. Во таа насока, во рамки на образовната програма Вело Училишта, Еко Логик креираше нова верзија на играта — Вело Твистер, која е наменета за едукација за основните видови велосипеди. Креатив Хаус соработуваше со Еко Логик како подизведувач во развојот на оваа иновативна игра.

Видовите велосипеди кои се изучуваат преку Вело Твистер се:

  • Градски велосипед
  • Планински велосипед
  • Друмски велосипед

Играта беше тестирана со над 300 ученици во основните училишта во Македонија во периодот март–април 2020 година и оттогаш наваму е составен дел на секој Вело Родео настан кој го посетуваат голем број посетители. Вело Твистер е игра која наидува на огромен интерес кај децата.

Similar Posts