Прва партнерска средба во живо на Erasmus+ проектот C-SKILL во Белград

На 22 и 23 јануари 2026 година, во Белград, се одржа првата партнерска средба во живо на конзорциумот на Erasmus+ проектот C-SKILL (Skill Compass). Средбата ги обедини проектните тимови од Македонија, Србија и Бугарија, додека партнерите од Чешка учествуваа онлајн.

Дводневниот состанок се одржа во Младинскиот центар во Белград, а фокусот на првиот ден беше ставен на 10-те интерактивни алатки развиени во текот на 2025 година. Овие алатки се наменети за инклузивно кариерно насочување на млади луѓе кои учат, размислуваат и работат поинаку од мнозинството, со посебен акцент на невродиверзитетот.

Во текот на првиот ден од состанокот:

  • беа детално презентирани и тестирани сите 10 интерактивни алатки, кои се веќе достапни на веб-страницата на проектот (https://cskill.eu/sr/alatki/);
  • беа разменети идеи и размислувања поврзани со претстојните вебинари и обуки, чија реализација започнува во февруари 2026 година;
  • беше повторно тестирана онлајн платформата, која покрај алатките, содржи и едукативни материјали поврзани со пет конкретни состојби: дислексија, дисграфија, дискалкулија, диспраксија и АДХД;
  • се дискутираше за организацијата на финалниот C-SKILL саем, планиран за крајот на 2026 година, за чија реализација Creative House има водечка улога.

Вториот ден од состанокот беше посветен на понатамошно планирање на проектните активности и координација меѓу партнерите, по што конзорциумот продолжи со интензивна работа на следните проектни чекори.

Проектот „Skill Compass“ (C-SKILL) е ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+. Creative House учествува како партнер во проектот, кој се спроведува во соработка со Здружение за дислексија „Ајнштајн“, како и со партнерски организации од регионот и Европа.

Клучни теми на проектот се невродиверзитетот, инклузијата и кариерното насочување на младите, со цел создавање пофер и подостапни можности за образование и вработување.

Similar Posts